Пукање во Прилеп, приведено едно лице

од Stefanija Kuzmanovska
317 прегледи

Вчера во 18.45 часот во Прилеп, полициски службеници од Полициската станица Прилеп го лишиле од слобода Р.М.(63) од Прилеп.

„Околу 18.10 часот, по претходна расправија со А.М.(28) и Б.М.(38), двајцата од Прилеп, тој од пиштол испукал во земја и му се заканил на Л.П.(27) од Прилеп, кој се обидел да ги раздели. Според пријавеното, А.М. и Л.П. успеале да му го одземат пиштолот „Застава М-70“ калибар 9 мм. Увид бил извршен, а пиштолот бил подигнат за понатамошна постапка“, информира МВР.

Во полициска станица биле задржани А.М., Б.М. и Л.П. и бил извршен службен разговор со нив.

По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични содржини