Пукање на забава по повод Ноќ на вештерките: Тројца убиени, а девет повредени во Лос Анџелес (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
248 прегледи

Три лица се убиени, а девет повредени во вторникот вечерта за време на масовното пукање во куќа на Лонг Бич во Лос Анџелес.

Пожарникарската единица на Лонг Бич соопшти дека се повикани да интервенираат околу 22.44 часот, а нивниот портпарол Џејк Хефлин рекол дека пожарникарите виделе сцена очигледно исполнета со хаос, пишува Л.А. Тајмс.

Пронајдени се три мртви мажи, а девет лица се повредени, иако нивната состојба не е моментно позната.

Според првите информации, пукањето се случило на тревникот пред куќата.

Полицијата се уште не дава информации за напаѓачите, не се знае дали се уапсени или во бекство.

Слични содржини