398
Неколку луѓе загинаа во престрелка во југозападниот англиски град Плимут, објави доцна синоќа „Скај њуз“, без да прецизира точно колку.
Локалниот советник Џони Мерсер од Конзервативната партија објави на Твитер дека ова е „сериозен“ и „трагичен“ инцидент и ги повика граѓаните да ги слушаат упатствата на полицијата.
Тој истакна дека ова не е терор и дека осомничениот не е во бегство.
Амбулантни возила, хеликоптери и лекари се испратени на местото на настанот.
Очевидци изјавиле за „Плимут Лајв“ дека слушнале пукање.
South Western Ambulance Service says it's responding with "multiple ambulances, air ambulances, multiple doctors and senior paramedics" to incident in Keyham, Plymouth https://t.co/YTn95DCcVM
— BBC News (UK) (@BBCNews) August 12, 2021