Убиецот од Плимут имал само 23 години: Детали за лицето кое стои зад страшниот масакр во Британија

од Stefanija Kuzmanovska

Убиецот од Плимут кој го изврши најстрашниот масакр во Велика Британија во последните 11 години е идентификуван како Џејк Дејвисон (23).

Пукал во членовите на неговото семејство во куќата во Плимут, пред да истрча на улица со пушка, каде налетал на две лица кои шетале кучиња. Тој прво испука неколку куршуми кон нив, а потоа и кон минувачите, работниците и клиентите од околните продавници.

Убиено е петгодишно девојче, двајца мажи и две жени, пренесуваат британските медиуми.

Џејк се обучувал да биде возач на кран, а по масакрот се самоубил.

Полицијата апелираше до очевидци да не објавуваат снимки од крвавиот настан на социјалните мрежи, бидејќи не се верува дека Џејк имал соучесник, а грозоморните снимки ќе ги ретрауматизираат семејствата на жртвите.

Слични содржини