МВР вечерва информира дека денеска се случила престрелка на паркингот на ОУ Живко Брајковски на улица Хо Ши Мин, во општина Бутел.
-Претходно било паркирано патничко возило „рено“ со скопски регистерски таблички, во кое биле лицата М.А. и А.У.(34), по кажување на М.А., од страна на М.Б. било пукано кон возилото. Со повреди на десната нога се здобил М.А., а лекарска помош му е укажана во ГОБ Св.Наум Охридски. Исто така, А.У. се здобил со повреди- расекотини по лицето. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.
По тој повод се огласи и градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски. Според него, „мора да помине времето на локални каубојци и криминалци“.
-Јас како градоначалник на Општина Бутел барам од надлежниот државен орган МВР, веднаш уште вечерва да биде расветлен случајот со попладневните престрелки во Бутел. Власта мора веднаш фронтално да се соочи со бандитите кои носат немир на граѓаните на нашата општина, истакна Костовски.