425
Во скопската општина Ѓорче Петров, попладнево се случило пукање, при што повреден бил полициски инспектор. Според неофицијални информации, се работи за лицето З.Р, син на поранешниот поглавар на Исламската верска заедница, Сулејман Реџепи. Тој се здобил со повреди во ногата и се упатил во ГОБ „8-ми Септември” за укажување на помош.
Според информациите од МВР, нападот се случил околу 16.40 часот на кружниот тек во близина на црквата Свети Петар и Павле, при што лице од возило „Голф“, пукало кон возило „мерцедес”, во кое бил полицискиот службеник З.Р.
Повеќе информации околу настанот се најавуваат за подоцна.