Пукање во Штип кон група граѓани пред продавница

од Nikola Popovski
250 прегледи

МВР соопшти дека млад штипјанец бил уапсен откако пукал пред продавница пред која имало луѓе,

Според полицијата, од Полициската станица Штип го лишиле од слобода Е.А.(19) од Штип затоа што во два наврати, на 02.06. и 03.06.2021 пред продавница на ул.„Черења“ во Штип, каде била насобрана поголема група на граѓани, од неговото патничко моторно возило „ауди“од огнено оружје испукал неколку куршуми.

Во врска со случајот на службен разговор се повикани повеќе лица, а  запознаен бил и Јавен обвинител и се работи на целосно комплетирање на случајот, по што против Е.А. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Слични содржини