Пукање во училиште во Мичиген, ученик уби тројца другари

од Nikola Popovski
329 прегледи

Тројца ученици загинаа, а шестмина се повредени кога 15-годишен ученик отвори оган во средно училиште во американската сојузна држава Мичиген, соопштија официјалните лица.

Властите го уапсија осомничениот во училиштето и му го одзеле пиштолот.

https://twitter.com/NYCTastemakers/status/1465791881581891584

Нападот се случил во средното училиште Оксфорд, во Оксфорд Тауншип, 48 километри северно од Детроит, соопшти Канцеларијата на шерифот на округот Оукленд.

https://twitter.com/NY_ACTIONS/status/1465785955588132864

Заменик-шерифот Мајкл Г. Мекејб на прес-конференција изјави дека не ги знае мотивите на напаѓачите. Засега не се соопштуваат имињата на напаѓачот и на жртвите.

Слични содржини