166
Во пукање во училиште во рускиот град Ижевск загинаа најмалку девет лица, меѓу кои пет деца, а околу 20 лица се повредени, соопшти Рускиот истражен комитет.
Според прелиминарните извештаи, девет лица загинаа, меѓу кои двајца работници од обезбедувањето, двајца учители и пет деца, а има околу 20 ранети, изјавија истражителите за ТАСС, пренесува „Танјуг“.
Напаѓачот се самоубил.
Локалниот функционер Александар Бречалов објави дека меѓу жртвите во пукањето во училиштето во Ижевск има и деца.
Тој изјави дека непознато лице влегло во училиштето и го убило чуварот, а меѓу учениците има мртви и ранети.
Училиштето го посетуваат 982 ученици, а работат 80 наставници.