Пукање на аеродромот во Филаделфија, УБИЕН ПОЛИЦАЕЦ

од Stefanija Kuzmanovska

На меѓународниот аеродром во Филаделфија, еден полицаец беше убиен, а друг беше ранет за време на конфронтација со група мажи кои се обиделе да украдат автомобил во гаража.

Локалната полиција соопшти дека двајца полицајци пристигнале на работа кога виделе неколку мажи во гаражата кои се обиделе да упаднат во возило, пренесува АП.

Кога им се приближиле, осомничените пукале кон полицајците, при што едниот го погодиле неколку пати во горниот дел од телото, а другиот во раката.

Името на убиениот полицаец не се соопштува, но било пријавено дека имал 50 години и дека работел 22 години во полицијата.

Вториот полицаец е во стабилна состојба, јавува „Танјуг“.

Слични содржини