286
Маж е повреден од огнено оружје попладнево во Скопје, соопштуваат од МВР.
-Денеска (07.02.2024) од ГОБ „Св. Наум Охридски“ во СВР Скопје е пријавено дека кај нив е донесен П.П. (24) со прострелна рана во ногата, а, според пријавеното, во него во близина на поликлиниката Бит Пазар во Скопје пукало едно лице, велат од полицијата.
Според првичните информации во П.П. пукал Р.Ш.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.