Во утрински часови, жителите на скопската населба Чаир биле вознемирени од пукотници кои одекнувале на улицата „Цветан Димов“. Според информациите од МВР, околу 08:00 часот било пријавено дека од возило „Ауди А3“ во движење биле испукани неколку куршуми во воздух.
Полициските екипи брзо реагирале, го обезбедиле местото и пронашле пет чаури од гасен пиштол. По спроведените истражни мерки, бил идентификуван и лоциран 23-годишниот А.Д. од Скопје, кој го управувал возилото.
Во службен разговор, тој признал дека пукал со гасен пиштол од марката „Зораки“, кој подоцна бил пронајден во неговиот дом. По насоки од јавен обвинител, оружјето било одземено, а против младото лице се поднесени соодветни пријави, информираат од Министерството за внатрешни работи.