Пукање во Батинци: Еден загинат и еден потешко повреден

од Nikola Popovski
56 прегледи

Полицијата соопшти дека едно лице почина, а едно е повредено и пренесено во Ургентниот центар во Скопје откако денеска претпладне во село Батинци во нив било пукано од автомобил.

Според пријавата во МВР, убијците пукале од автомобил ‘мерцедес’ во движење кон автомобил ‘шкода’ во којшто биле жртвите.

„На 01.07.2024 во 09,25 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Батинци, скопско, две лица со патничко возило „мерцедес“ пукале кон патничко возило „форд“ во кое биле А.Б.И.(34) и З.И.(31), двајцата од с. Црн врв. На местото на настанот починал А.Б.И., а З.И. се здобил со повреди и е пренесен за укажување лекарска помош во Ургентен центар-Скопје. СВР Скопје во координација со Одделот за специјални полициски операции и Одделот за воздухопловни единици преземаат мерки и активности за пронаоѓање на сторителите и расчистување на случајот“, стои во соопштението на МВР.

Во инцидентот се користело автоматско оружје.

Слични содржини