ПУКАЊЕ ВО ПРИШТИНА: Едно лице загина, 17 повредени

од Vladimir Zorba

Едно лице загина, а 17 се повредени во престрелката што се случи синоќа во кафеаната „Бон вивант“ во Приштина.

Како што може да се види на видеата од веб-страницата на ИндексОнлајн, полицијата и патролите на брзата помош беа насекаде.

Според досегашните информации, неколку лица се ранети од огнено оружје, додека неколку се повредени од скршено стакло.

Две лица се осомничени за пукањето.

Како што потврди директорот на Ургентниот центар во Приштина, сите пациенти се на возраст од 20 до 39 години.

Слични содржини