Пукање во скопско – вмешани 19-годишник и малолетник

од Nikola Popovski
123 прегледи

На 30.07.2025 во с.Долно Количани, општина Студеничани, скопско, полициски службеници од СВР Скопје, ги лишиле од слобода И.С.(48), О.М.(43), М.С.(19) и малолетник, сите од истото село, поради сомнение за нивна инволвираност во кривично – правен настан.

Имено, околу 15.10 часот, по претходна расправија во врска со нерасчистени должничко-доверителски односи помеѓу О.М. и И.С., лицето О.М. со огнено оружје испукал еден куршум во земја, но не го погодил И.С.. откако излегол М.С., синот на И.С., лицето О.М. го напуштило местото.

Подоцна при преземање мерки кај малолетниот син на О.М. бил пронајден куршум.

По целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни поднесоци.

Слични содржини