227
По престрелката која се случила попладнево на мостот Алексиќ во центарот на Ужице, Србија, тројца мажи се примени во Општата болница во Ужице.
„Тројца пациенти се хоспитализирани на Ургентно-приемната служба, прегледани од дежурни лекари. Еден пациент се здобил со сериозни повреди на лактот и бил испратен на интензивна нега, на ортопедско одделение. За другите двајца пациенти дијагностиката е во тек“, изјави д-р Драган Дамјановиќ, директор на болницата во Ужице, а пренесува „Курир“.
Од полицијата за „Нова.рс“ потврдиле дека пукањето се случило на мостот Алексиќ.
Според првите неофицијални податоци на „Курир“, во два автомобила, џип и БМВ со бајинобаштански регистерски таблички пукале едно или повеќе лица на мотори.
Истрагата е во тек.