Едно лице било рането вчера при пукање во угостителски објект во Скопје.
„На 22.02.2024 околу 14.20 часот во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода А.К.(36) од Скопје, постапувајќи по пријава дека околу 14.00 часот во угостителски објект на ул.„Ќемал Сејфула“ во Скопје пукал во Е.С. и му нанел повреда во ногата“, соопштија од МВР.
Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.