Пукано кон автомобил во Скопје

од Nikola Popovski
120 прегледи

Синоќа дошло до ново пукање во главниот град. Било пукано кон автомобил марка „Опел корса“, стои во полицискиот билтен.

-На 6-ти октомври 2024 година, во 21:13 часот, во СВР Скопје било пријавено пукање кон возило во населбата „11 Октомври“. Според пријавата од лицето Б.Ј. од Скопје, непознато лице пукало од огнено оружје кон неговото возило со скопски регистарски ознаки, кое било паркирано пред неговата куќа, велат од МВР.

Полицијата од Полициската станица Кисела Вода веднаш извршила увид на местото на настанот, при што биле пронајдени четири чаури.

Засега не се познати детали за сторителот, а органите на редот преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Слични содржини