Пукна двоецот Ердоган Давитоглу -Турскиот премиер поднесе оставка

од Vladimir Zorba
67 прегледи

Турскиот премиер, Ахмет Давутоглу, ја соопшти својата одлука да ја напушти функцијата претседател на Партијата на правдата и развојот (АКП) на вонредниот конгрес на 22 мај, истакнувајќи дека вистинската причина за неговото заминување не е неговиот неуспех како премиер, туку разликите со неговите колеги поради одредени принципи.

4800464

„Мојот мандат (како премиер) беше успешен. Во однос на оваа одлука, не постои чувство на неуспех или жалење поради нешто што сум сторил. Работата си ја вршев коректно и чесно“, рече Давутоглу на прес-конференцијата откако централното тело на АКП одлучи да одржи вонреден конгрес на 22 мај.

„Фактот дека мојот мандат траеше многу пократко од четири години не е моја одлука, туку неопходност“, рече тој, алудирајќи на неодамна појавените тензии со претседателот Реџеп Таип Ердоган, како главна причина за неговото ненадејно заминување. Но Давутоглу вети дека нема да им дозволи на противниците на АКП да ја ослабнат Владата и ги повика сите свои колеги да се обединат. „Нашата партија е на прагот на нова ера. Ова е време на единство.“

АФП: ​​Пукнатина го начна турскиот управувачки тандем

Шефот на МИТ, пакетот за транспарентност на владата, воведувањето на претседателскиот систем на државно управување, обвиненијата против универзитетските професори, ова се само дел од причините, кои ја испровоцираа кризата меѓу претседателот на Турција Реџеп Ердоган и премиерот Ахмет Давутоглу.  За присуството на тензии во односите меѓу нив  се продискутирало прво во главната опозициска Републиканска народна партија.Давутоглу во објавата беше претпазлив во своите коментари во врска со улогата на Ердоган во неговата оставка, но обвини некои од своите сопартијци без да ги именува.

Неговото повлекување сепак ќе значи малку поголем потрес. Тој, сепак, не ја  напушта само партиската позиција, бидејќи според статутот шефот на партијата ја има и премиерската позиција. Денешните весници веќе предвидуваат дека Давутоглу ќе остане  во Истанбул и повеќе нема да се појавува во Анкара. Весникот  “Џумхуријет” прогнозира и предвремени избори.