Пукотници во Сараево, двајца војници убиени од вахабист

од Vladimir Zorba
95 прегледи

Вахабист, отворил оган и убил двајца босански војници и повредил трет, а потоа  се самоубил откако полицијата го  опкружила неговиот дом во предградието на Сараево, пренесува Reuters повикувајќи се на властите.

 222260 (1)

Двајца војници од армијата на Босна и Херцеговина се убиени, а еден е повреден откако врз нив било пукано од огнено оружје. Босанскиот портал Аваз, повикувајќи се на извори од босанското МВР открива дека името на осомничениот е Енес Омерагиќ, кој бил и претходно третиран како „проблематичен“, и дел од вахабисите кои се посочуваат како следбеници на радикалниот ислам.

Танјуг пренесува дека убиството се случило во кладилница во сараевската населба Рајловац. Според информациите на агенцијата, откако го извршил делото сторителот излегол од локалот и почнал да пука и во автобус. Повредениот во инцидентот е војник што се нашол во автобусот. Потоа осомничениот избегал од местото на настанот, а полицијата веднаш интервенирала и го обиколила неговиот дом

Мажот кој синоќа во приградската сараевска населба Рајловац уби двајца припадници на вооружените сили на Босна и Херцеговина извршил самоубиство околу полноќ, потврди министерот за безбедност на БиХ, Драган Мектиќ од Париз кој како и претходно заменикот министер за одбрана Борис Јериниќ изјави дека се чини оти нападот бил терористички чин.

Убиените војници се идентификувани како 26-годишниот Армин Салкиќ и 34-годишниот Недељко Радиќ, Бошњак и Србин. Двајцата биле возачи во единицата на воената полиција стационирана во касарната во Рајловац