Пулицер: Девојката што го сними убиството на Џорџ Флојд доби посебна пофалба

од Stefanija Kuzmanovska
307 прегледи

Дарнела Фреjзер (18), девојчето кое го сними убиството на Џорџ Флојд минатата година доби „специјална пофалба“ од Комитетот за награда Пулицер за снимката што го смени светот, пишува „Њујорк пост“.

На годишнината од убиството, Фрејзер напиша дека 25 мај 2020 година за неа бил сосема нормален ден пред да биде сведок на трагедијата.

Минди Маркес, член на Комитетот, во објавувањето на наградите рече дека 2020 година е сосема поинаква од сите други во историјата на новинарството, повикувајќи се на пандемија, судир на раси, но и на претседателските избори во САД:

– Приказната за Џорџ Флојд не само што ја покажа важноста на новинарството, туку и растечката важност на обичните граѓани во потрагата по вистината и правдата.

Таа истакна дека снимките на Фрејзер ги поттикнаа луѓето да се побунат против полициската бруталност, како во Минеаполис, така и во остатокот од државата и светот.

Националното здружение на црни новинари го пофали изборот на Комитетот и рече дека Фрејзер помогнала да се промени светот.

Слични содржини