Полицаецот кој го уби Џорџ Флојд осуден на 22 години и шест месеци затвор

од Stefanija Kuzmanovska

Поранешниот полицаец Дерек Шовин беше осуден за убиството на Џорџ Флојд на улиците во Минеаполис. Тој беше осуден на 22 години и шест месеци затвор. Прогласен е за виновен за ненамерно убиство од втор степен, убиство од трет степен и убиство од небрежност од втор степен.

Потсетуваме, поротата го прогласи Шовин (45) за виновен на 20 април по сите три точки од обвинението, а тој пресудата ја дочека мирно, без поголеми емоции. Обвинителите бараа затворска казна од 30 години, двојно поголема казна од предвидената, а одбраната побара условна казна и ново судење.

Адвокатот на Шовин тврди дека на неговиот клиент не му било дозволено фер судење заради грешките на обвинителот и поротата.

На рочиштето беше објавена и изјава од седумгодишната ќерка на Флојд

„Постојано прашувам за него“, рече девојчето.

Беше прашана што би му кажака на татко ѝ кога би можела да го види.

„Би рекла дека ми недостигаш и те сакам“, рече таа.

Тројцата преостанати полицајци вклучени во апсењето на Флојд, како Шовин, беа отпуштени. На нив ќе им се суди следната година за помагање и поддршка на убиството на Флојд.

Слични содржини