Министерството за здравство инфомира дека пунктовите за вакцинација во сите здравствени установи низ државата ќе работат во текот на денешниот ден.
„Граѓаните кои сакаат да се вакцинираат денеска ќе може да го направат тоа како и секој друг работен ден“, додаваат од таму.
Забележан значително зголемен интерес за вакцинација помеѓу граѓаните.
-Вчера вкупно се вакцинирале 15.574 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 8.808 граѓани.Вкупно се аплицирани 1.033.584 дози вакцини, а ревакцинирани се 462.192 граѓани.Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација.67% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина. 64% од населението над 65 години имаат примено барем една доза вакцина.60% од населението над 60 години имаат примено барем една доза вакцина.50% од населението над 50 години имаат примено барем една доза вакцина.Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста и се намалува шансата од заболување како и смртен исход од болеста, информира од МЗ.