Пушков: Ердоган истрела ракета “воздух-воздух” во економијата на Турција

од desk3

Претседателот на Комитетот за меѓународни односи во руската државна Дума, Алексеј Пушков коментира дека “турскиот претседател Ердоган ја погодил со ракета” воздух-воздух “турската економија”. По санкциите кои Русија ги наложи против Турција поради соборениот Су-24, економските состојби на јужната земја очигледно ќе претрпат сериозна нестабилност. “Ќе настрадаат четири сектори на турската економија”, прогнозира Пешков и објасни каде штетата ќе се зголеми.Русите годишно носеле на турскиот буџет од 3,5 до 4 милијарди долари благодарение на туристичките патувања. Оваа бројка е од 12 до 18% од целиот обем на туристичкиот бизнис на Турција. Значи прво ќе настрада токму туристичкиот бизнис во земјата.

20151129.asncjxxsyv

“Вработените во Русија со договори турски фирми заработија вкупен профит од 50 милијарди. рубљи. Во оваа смисла по инцидентот ќе страдаат и тие”, забележува Пушков, цитиран од Bloknot.ru.

Освен тоа, поради санкциите наметнати од руска страна, ќе настрадаат турските претпријатија кои произведуваат за извоз за Русија. “Имајќи предвид дека стоковниот обем помеѓу Русија и Турција достигна 30 милијарди долари, тоа ќе бидат сериозни пречки пред турскиот извоз. Ќе треба да бараат нови пазари и мислам дека не сите претпријатија ќе најдат нови пазари”, коментира уште експертот.

СФ: Столот на Ердоган се разниша

“И на четвртото место – ќе биде нанесен општ удар по турскиот буџет, бидејќи ќе се намалат приходите од извоз, од турските компании кои работат во Русија, од туризмот”, резимира Песков.

Потсетуваме дека вчера рускиот претседател Владимир Путин потпиша декрет “За мерките за обезбедување на национална безбедност на Руската Федерација и заштита на руските граѓани од криминални и секакви противоправни дејствија и за примена на посебни економски мерки во однос на Република Турција”.

Слични содржини