Обвиненија против Македонци, кои илегално гласале зна европските избори во 2014 год., разгледува Окружниот суд во Ќустендил-јавуваат бугарските медиуми.
Тоа се луѓе со двојно државјанство и со бугарски пасош. Соочени се пред судот во Бугарија поради адресна регистрација во соодветниот град, бидејќи гласале, без да имаат право – не одговараат на принципот почитувајќи го декретот, односно да живееле најмалку 3 месеци пред изборите во Бугарија или друга земја-членка на ЕУ, појаснуваат правници. Повеќето од нив имаат фиктивна адресна регистрација во Бугарија, потребна за добивање на пасош.
Подрачната обвинителство во Ќустендил има формирано над 250 истраги за бесправно гласање на еврогласањето пред помалку од две години. Македонците со бугарско државјанство обично се ослободуваа од кривична одговорност и судот им наметнува паричка казна минимален износ од 1 000 левови, појаснија судии. Македонецот М. Ј. пример ќе плати 1.000 лева парична казна и 23,60 лв. трошоци за случајот за тоа дека гласал на Европските избори во бугарската амбасада во Скопје, пресуди судот. Мажот е со двојно државјанство – во Крива Паланка, каде е роден, и со регистрација на жителство во Ќустендил.
Спасовски: Сите патишта од аферата со личните карти водат кон високи функционери во Владата на Груевски
20 лица од семејството на Благој Панов исто така ќе треба да платат по 1.000 левови, бидејќи исто гласале во амбасадата во Скопје. “Сите кои гласаа во амбасадата, не имаше на листа таму. По 1 година сите ние сме бескрајно изненанадани за што обвинителството не праќа на суд. Не сме знаеле за ова правило од 3 месеци и дека немаме право да гласаме. Гласавме, бидејќи се чувствувавме патриоти, за Република Бугарија гласавме. Зошто луѓето од ДКП не ни објаснија дека немаме право да гласаме. Овде, во судот, треба да е комисијата, а не ние “, изјави за новинарите во Ќустендил Панов.
