Путин: Австрија е еден од клучните партнери на Русија во Европа

од Vladimir Zorba

РУСИЈА ја смета Австрија за еден од нејзините клучни партнери во Европа, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин на свеченото отворање на фабриката „Семикс“ во регионот Башкир.

Фабриката е дел од австриската група Ласелсбергер, објави ТАСС.

– Оваа земја (Австрија) е еден од нашите клучни партнери во Европа и ние ја третираме точно така, што е потврдено со учеството на нејзините претставници, а ова беше најголемото претставништво, и на Економскиот форум во Санкт Петербург, како и во говорот Канцеларот Себастијан Курц на пленарната седница на Форумот – рече Путин.

Слични содржини