Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изјави дека го информирал претседателот Владимир Путин за напредокот на операциите на пребарување и спасување на патници во несреќата на Ту-154 во Сочи, соопштуваат од Министерството за одбрана на Русија.

Во моментов екипи почнуваат да вадат тела од урнатиот авион . Трагедијата е огромна.
Потсетуваме дека руски воен авион исчезна 20 минути по полетувањето од аеродромот, во близина на Сочи. Во авионот биле 83 патници и осум членови на екипажот. За барањето на авионот се ангажирани спасувачките служби на авијациските делови на Јужен воен округ.
Според извори на ТАСС на авионот, кој се фокусирал кон Латакија, биле музичарите од светски познатиот ансамбл хористите на руската армија “Александров”. Покрај нив имало и новинари. Во моментов сајтот на ансамблот не функционира.
Уметнички раководител на ансамбл “Александров” бил во авионот. “за жал има потврди дека во авионот бил и познатиот диригент Халилов”, изјави за Интерфакс извор од спасувачките служби.
64-годишниот генерал-лејтент Валериј Халилов стана познат во целиот свет како организатор на популарниот фестивал на воените оркестри “Спаска кула”, кој се одржува секоја година во близина на август на Црвениот плоштад во Москва.
Од спасувачките екипи е веста дека пред некоја минути е извадено тело на еден од патниците на шест километри од бреговите на Сочи.
Извори на ИНТЕРФАКС наведува дека недалеку од аеродромот на Сочи се наоѓа точка за птици преселници и орнитопарк. “Можно е птица да навлегла во моторот на авионот”, нагласуваат тие.
Според агенцијата мрсна маслена дамка и остатоци од авионот се пронајдени во акваторија на Хостинскиот регион на Сочи. “Покрај техничка неисправност на авионот, се гледа и верзијата за квалитетот на горивото.
ВО УРНАТИОТ АВИОН БИЛ НАЈПОЗНАТИОТ РУСКИ ВОЕН ХОР „ АЛЕКСАНДРОВ“, КОЈ ТРГНАЛ ДА ПЕЕ ВО РУСКА БАЗА
Во моментов летовите од Москва до Сочи се одложени на неодредено време. Според последните податоци на летот на пропаднатата Ту-154 имало 92 лица.