Путин еруптира за санкциите: Не оди веќе вака тие се бесрамни!

од Vladimir Zorba
71 прегледи

Москва ќе воведе одмазднички мерки спрема новите санкции на САД тогаш кога ќе се запознае со финалната верзија на предлог-законот. Ова го изјави претседателот на Русија Владимир Путин за време на средбата со својот фински колега Саул Ниинисте.

При тоа рускиот лидер истакна дека Москва се држи доволно “воздржувано”, но сепак нема намера “бескрајно да ја трпи оваа бесрамност”.

“Уште не сме ја виделе финалната верзија, затоа и немаме конечни мислења по ова прашање. Но гледаме дека во текот на подолго време се обидуваат да не провоцираат постојано – дали ќе ни вратат повеќе дипломати без никаква причина, или пак потценувања без никаква мерка и  рамки, иако се тоа е спротивно на меѓународното право и дипломатските односи “, изјави Путин.