Путин го оживува “Јужен поток” во Грција

од desk3
112 прегледи

Замрзнатиои проект за гасоводот “Јужен поток” може да биде ревитализиран. Тоа го прогнозираат грчки медиуми во пресрет на посетата на рускиот претседател Владимир Путин, кој пристигнува во официјална посета на Атина во петок, соопштува “Стандард” .Енергетиката ќе биде една од главните теми за време на неговата посета. Се очекува Путин да претстави нов алтернативен пат за пренесување на руски природен гас кон јужниот дел на Европа. Гасоводот треба да го замени “Турски поток”, плановите за изградба на кој дефинитивно отпаднаа по влошувањето на односите меѓу Москва и Анкара.

1464151154-putjpg

“Јужен поток 2” се предвидува да тргнува од полуостровот Крим, да поминува низ Црното Море и Бугарија, за да стигне до Грција. Во пракса тоа значи дека ќе се користат цевките предвидени за првичната варијанта на “Јужен поток”, коментираат експерти. Очекуваното заживување на проектот засега не се коментира од домашните политичари.

Путин ќе се сретне со грчкиот премиер Алексис Ципрас и со претседателот Прокопис Павлопулос. На 28 мај се очекува тој да го посети рускиот манастир “Свети Пантелејмон” во Света Гора.

За време на првата посета на Атина по повеќе од 10 година Путин ќе биде придружуван од барем 170 претставници на големи руски компании, меѓу кои и директорите на “Гаспром” Алексеј Милер и на руските железници RZD Олег Белозеров. Се очекува да биде потпишан договор меѓу грчката нафтена компанија и руската “Роснефт”. Во него се предвидува дека Hellenic Petroleum “ќе купува сурова нафта и ќе праќа назад рафинирана продукција.

Грција е првата земја од ЕУ која Путин ја посетува, по неговата посета на Париз кон крајот на ноември 2015 година за конференцијата на ОН за климата. Од Москва ја одредуваат посетата на Путин како “работна” и го потенцираат симболичниот карактер, бидејќи ќе се одржи во рамките на посветен на пријателството меѓу двете земји 2016. Тоа се совпаѓа и со одбележувањето на милениумското присуство на руско монаштво на Атон.

Слични содржини