Знаеме која година Американците ќе добијат нова ракета, не повеќе со опсег од 500 километри, туку повеќе и оттука натаму ќе им се закануваат на нашиот атомски потенцијал. Ние знаеме што ќе се случува – година по година. И тие знаат дека ние знаеме, изјави Владимир Путин во Санкт Петербург.

putin

Рускиот претседател очигледно зборуваше за американскиот противракети СМ-3 Блок 2а – модернизирана варијанта на ракетите Стандард мисајл 3, со кои се комплетираат системите за ПВО Иџис.

Се смета дека новата противракета ќе може да руши интерконтинентални балистички ракети (ИБР) на кои, според експерти, можностите им се ограничени. Започнале веќе и првите тестирања.

Во САД се работи на уште помоќна верзија – СМ-3 Блок 2б. Достапни информаии за неа има многу малку, но се знае дека контрукторите имале поспецијална задача да осигураат поефикасно уривање на ИБР.

Првичните планови на Пентагон за создавање на ЕвроПРО предвидуваа противракети СМ-3 Блок 2а да бидат распоредени во Европа, уште во 2015 година – пред првата фаза на развојот на ЕвроПРО, а СМ-3 Блок 2б – за време на четвртата фаза по 2020 година.

Британија сепак ја напушта Европската унија (резиме)

Русија беше категорично против тие планови затоа што според воени експерти, споменатите противракети распоредени во источноевропски бази или на бродови, би можеле успешно да сопрат руски балистички ракети.

Скриени закани

Во 2013, руската дипломатија успеа да издејствува замрзнување на проектите за распоредување на противракети СМ-3 Блок 2б во Европа. За таквата ситуација до денес не е повторно разговарано.

Воениот министер на САД тогаш изјави дека Вашингтон сопира со последната фаза од европската програма за ПВО, за да ги расходува слободните ресурси за засилување на противракетниот штит по западниот брег на земјата – во очите на Америка заканата од Северна Кореја тогаш изгледаше посериозна.

Во односите на Русија со Западот по тоа настапија коренити промени. Во 2014, Федерацијата го анектираше Крим, потоа во Источна Украина избувна војна и на Запад сметаат дека Русија е прикриен учесник во конфликтот.

Денес НАТО отворено зборува дека Русија порано или подоцна сака да ги окупира балтичките земји.

Алијансата гледа на таа закана повеќе од серизоно – на претстојната средба на врвот во Варшава се очекува да биде објавено дека распоредува во Литванија, Латвија, Естонија и Полска свои сили со задача посебно да се спротивстават при евентуална агресија од Русија.

Од своја страна, Москва распоредува војски по западната граница и организира големи воени вежби.

Атомското вооружување

Но, ПРО сепак е дел од атомското вооружување, а не дел од дејствијата за зголемување на обичото оружје во Источна Европа.

На почетокот на мај во Романија беше отворена база на ЕвроПРО. Таму ќе бидат распоредени радар СПАЈ-1 и 24 ракети пресретнувачи од варијантата Блок 1б. Тоа се најнови противракети, испробани за првпат во 2012 година.

На чисто технички план, тие одговараат на втората етапа од проширувањето на ЕвроПРО и спортед експерти, не претставуваат голема закана за руските ИБР.

На 13 мај во полскиот град Реџиково беше фрлена и првата лопата на друга база од ЕвроПРО. Се предвидува таа да влезе во функција во 2018 година.

И таму ќе бидат поставени радар СПАЈ-1 и 24 ракети пресретнувачи , но третата фаза, во чии рамки се гради објектот, предвидува да бидат монтирани СМ;-3 Блок 2а. Четвртата етапа од создавањето на ЕвроПРО засега официјално е замрзната.

– До каде ќе стигне сето тоа (распоредувањето на американска ПВО во Европа, не знам, но знам со сигурност дека ќе треба да негираме. И уште од сега сум сигурен дека ќе не обвинат за агресивно поведение, иако станува збор само за одговор. Но, неспорно е дека ќе треба да гарантираме безбедност. Не само за себе си. Многу е важно за нас да обезбедиме стратешки баланс во светот, рече Путин.

Можности за обезбедување на баланс во ваква ситуација нема многу. Најмногу да бидат направени нови баластички ракети способни да и одолеат на противракетната одбрана.

Тоа на прво место се постигнува со скусување на фазата во која ракетата забрзува – тоа е најкритичната прва етапа од полетувањето, и потоа повисока маневарска способност на боевите глави за време на финалната фаза. Една активна маневрирачка боева глава е многу потешко да биде урната, затоа што лета по непредвидлива траекторија.

Во рускиот печат редовно се пишува за нови атомски оружја како ракетни возови и атомски торпеда. Но, според некои експерти не е сигурно дека навистиа има такви подготовки, не е чудно да станува збор за одвлекување на вниманието.

Дипломатија

По заострувањето на односите со Западот, Северноатланската алијанса сопре со воената соработка со Москва, но сепак беа оставени отворени дипломатски канали.

Генералнинот скретар на НАТО, Јенс Столтенберг, претходно повеќе пати изјави дека претпочита Пактот да води дијалог со Русија независно од својата тврда позиција за Украина и Крим.

Тој на 20 мај рече дека ќе бара можности пред варшавската средба на врвот на алијансата да биде свикано заседание на Советот Русија-НАТО на ниво на пратеници.

Според Столтенберг, Советот Русија-НАТО може да биде добар инструмент за спречување на воени инциденти и ризици.

Кога изјави дека не е задоволен од развојот на ПРО, и вети дека ќе одговори со развој на атомските сили, Путин се пожали од недостигот на дијалог. – И покрај сите наши инцијативи, по сите наши предлози за реална соработка не постои желба да се соработува со нас, нашите предлози се отфрлаат и се работи по сопствен план, рече Путин.

– Ако сакате верувајте ми, но предлагавме конкретни варијанти за соработка и сите тие во пракса беа одбиени, рече тој.

Но, тој не објасни што точно предлагала Русија. Исто не се знае дали во моментов се разгледува некаква можност за разведрување./MИА

Слични содржини