18
Откако многу брзо еден до друг слетаа со претседателските авиони на Алјаска, пред малку првите луѓе на Русија и САД се видоа во живо и се ракуваа, по 4 години.
По слегувањето од авионот Ил-96-300, Путин и Трамп одејќи по црвениот теписон, ја поздравија почесната гарда.
Уследи и заедничко фотографирање, при што над нивните глави пролетаа два борбени авиони B2 Spirit во придружба на четири F-22.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, го дочека рускиот колега Владимир Путин на аеродромот на воената база во Енкориџ, каде првин ќе разговараат во „Ер Форс Уан“ на Трамп, а потоа ќе продолжат кон просториите каде ќе се одржи самитот, за кој најавите се дека ќе трае најмалку 6-7 часа.