Путин им нуди бесплатно образование на руските студенти доколку се борат во Украина

од Stefanija Kuzmanovska
369 прегледи

На студентите во Русија им се нуди бесплатно образование доколку се борат во Украина. Рускиот премиер Михаил Мишустин денеска зборуваше за новиот закон кој им овозможува на студентите пристап до бесплатно образование доколку учествуваат во „специјалната воена операција“ на Русија, јавува руската државна новинска агенција ТАСС.

Но, не се објавени детали од законот, па не се знае ниту старосната граница на студентите, ниту пак за какво бесплатно образование се работи.

Мишустин, исто така, потпиша декрет со кој се поедноставува примањето на плаќањата за осигурување за семејствата на руските војници убиени во Украина. Тој изјави дека сите исплати сега мора да се подмират во рок од 30 дена од смртта.

Се чини дека ова е последен во серијата потези на режимот на Владимир Путин за усвојување закон што ќе им овозможи на повеќе руски граѓани да се борат во Украина, пишува Sky News.

Слични содржини