Путин: Има услови за понатамошен развој за Русија да биде посилна, поцврста и поефикасна

од Vladimir Zorba
262 прегледи

Рускиот претседателски кандидат Владимир Путин вечерва пристигна во својот изборен штаб во Москва и рече дека постојат услови за „понатамошен развој за Русија да биде посилна, поцврста и поефикасна“.

„Драги пријатели, мило ми е што вечерва сум со моите другари и истомисленици. Историјата се повторува, сè се повторува, а сите ние сме другари. Сите ние сме еден тим. Сакам да им се заблагодарам на сите граѓани на Русија, кои излегоа на гласање и гласаа“, рече Путин, пренесува РИА.

Тој им се заблагодари и на волонтерите во штабот, посочувајќи дека малиот број поплаки укажува на високиот квалитет на нивната работа.

Слични содржини