Путин ќе одговара на прашања на граѓаните преку „Директна линија“

од desk4
117 прегледи

  Рускиот претседател Владимир Путин денеска ќе одговара на прашања на граѓани во рамки на редовната годишна програма Директна линија, за која до вчера до 12 часот по московско време, пристигнале повеќе од милион и 385 .000 прашања.

Најголем прашања пристигнале преку телефон – 803.135, СМС – 317.000 додека преку ММС има повеќе од 31.500 прашања.

Околу 144.000 поставиле прашање преку посебен сајт и речиси 90.000 преку специјална апликација и официјални групи на социјални мрежи.