Започнува ера на билатерална соработка, објави унгарската влада
2017-та “ќе биде важна година во надворешната политика, и тоа не само поради новиот американски претседател или Брекзит . На местото на мултилатерална соработка започнува ера на билатерална соработка”, изјави Лазар.
Орбан е сметан за еден од главните сојузници на Путин во ЕУ. Во февруари 2015 година тој стана првата држава или влада од ЕУ, кој го прифати рускиот претседател по анексија на Крим од Русија во 2014 година
Во 2015 година унгарскиот премиер ја посети Москва. Тој повикува на укинување на санкциите кои ЕУ ги воведени на Русија поради анексија на Крим.
Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сиарто ќе направи работна посета на Москва на 23 јануари и ќе се сретне со рускиот колега Сергеј Лавров, соопшти портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова, цитирана од агенциите.
Лавров и Сиарто ќе продолжат со дискусијата за актуелни прашања од билатералните односи и ќе разменуваат мислења за меѓународни прашања како што се борбата против тероризмот, односите со ЕУ и НАТО, миграциската криза во Европа и ситуацијата во Украина, прецизира Захарова.