Путин: Ќе водиме политика која одговара на нашите интереси

од Stefanija Kuzmanovska

Русија, како моќна и независна сила на светската сцена, ќе ја води само онаа политика која одговара на нејзините фундаментални интереси, изјави синоќа рускиот претседател Владимир Путин во обраќањето по повод Денот на националното знаме.

Тој посочи дека желбата да се живее по сопствена волја, не дозволувајќи надворешни диктати, е дел од генетскиот код на Русите, пренесува РИА Новости.

„Русија е моќна, независна светска сила. Ние сме цврсти во спроведувањето само на оние политики на меѓународната сцена кои одговараат на фундаменталните интереси на татковината“, рече Путин.

Слични содржини