Путин кон Ердоган во Баку: Вие ја претставувате цела Европа

од desk3
146 прегледи

Претседателите на Русија и на Турција Владимир Путин и Реџеп Ердоган се состанаа во Баку, каде што беа отворени првите европски игри. Средбата премина во затворен режим, пренесува РИА Новости.Од страна на Русија во преговорите учествуваа помошникот на претседателот Јуриј Ушков, министерот за надворешни Сергеј Лавров, министерот за енергетика Александар Новак, директорот на државната корпорација за атомска енергија Росатом и шефот на Гаспром Алексеј Милер .

20150613.btwxtgjovl

За време на фотосесијата двајцата претседатели разменија впечатоци за отворањето на првите европски игри, на кој присуствуваа. Ердоган, според РИА Новости рекол дека за церемонијата не дојде ниту еден од лидерите на земјите од ЕУ, на која Путин одговорил: Турција како кандидат за пристапување кон ЕУ ја претставува цела Европа.