Путин кон новинарка: Убава си, ама не ме слушаш (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Новинар на Си -Ен -Би -Си го праша Владимир Путин како Европа може да верува дека Русија е сигурен енергетски партнер ако не снабдува гас преку гасоводи.

На рускиот претседател не му се допадна прашањето и почна да се жали.

– Таа е убава и симпатична. Велам едно, а таа одговара со нешто сосема друго, како воопшто да не слуша што зборувам – рече тој, и се обиде да го убеди дека го слуша.

Сепак, Путин одлучи да го повтори она што веќе го кажа.

– Само што кажавте дека ние не испраќаме гас во Европа. Грешите, вие и сите што имаат информации од овие извори. Ги зголемивме испораките за Европа, во целина Русија ги зголеми испораките на гас за Европа за 15%. Други добавувачи ги намалија испораките за 14 милијарди кубни метри. Американските добавувачи се одговорни за преполовување на испораките. Дали реков нешто што е тешко да се разбере, ме слушнавте ли – рече тој.

Слични содржини