Путин: Лажните вести доаѓаат од странство, ништо критично во Русија

од Stefanija Kuzmanovska

Провокативните лажни вести за ширење на коронавирусот во Русија претежно доаѓаат од странство, додека реалната слика е дека ништо критично не се случува, изјави Путин, пренесува „бе92“.

Рускиот претседател, во врска со извештајот на вицепремиерката Татјана Голикова, во кој се спомнуваат „лажните вести“ за коронавирусот, истакнал дека Федералната служба за безбедност во својот извештај навела дека тие информации организирано се шират од странство и дека тоа, за жал, е вообичаена практика.

Според Путин, целта на тие лажни вести е да се предизвика паника кај населението и против истите ќе се борат со навремено и сигурно информирање на луѓето за ситуацијата, пренесува „Тас“.

Слични содржини