Путин може повторно да се кандидира, Думата ги усвои измените на Уставот

од Aleksandar Petrovski
130 прегледи

Рускиот парламент денеска ја изгласа големата уставна реформа со која му се овозможува на претседателот Владимир Путин да остана на власт уште 12 години откако неговиот актуелен мандат заврши во 2024 година.

Државната дума во третото и последно читање денеска одобри низа амандмани на Уставот, помеѓу кои и амандманот со кој на Путин му се овозможува дека уште двапати ќе се кандидира за претседателската функција. „За“ гласаа 383 пратеници, ниту еден не се изјасни „против“, додека 43 пратеници беа „воздржани“.

За уставните амандмани граѓаните ќе гласаат на референдум на 22 април. Пред гласањето амандманите ќе ги разгледува рускиот Уставен суд. Критичарите на Кремљ го осудија таквиот чекор како цинична манипулација и повикаа на протести.