183
Рускиот претседател Владимир Путин денеска потпиша указ за доделување руско државјанство на Едвард Сноуден, поранешен советник на американската Национална разузнавачка агенција (НСА), јавуваат руските медиуми.
Во 2020 година, Сноуден објави дека ќе поднесе барање за руско државјанство.
Сноуден живее во егзил во Русија од 2013 година, откако објави строго доверливи информации за програмите за следење на американските служби, пренесува Танјуг.
САД го бараат за шпионажа откако им даде тајни информации на Вашингтон пост и Гардијан.