Путин му изрази сочувство на Иран и го осуди „тероризмот во сите негови форми“

од Vladimir Zorba
191 прегледи

Рускиот претседател Владимир Путин денеска им изрази сочувство на иранските власти во врска со смртта на повеќе од 100 луѓе во денешните експлозии во Керман и го осуди „тероризмот во сите негови форми“, наведувајќи дека убивањето на цивили е „шокантно во неговата суровост и цинизам“.

Рускиот претседател изрази сочувство до врховниот ирански верски водач ајатолахот Али Хамнеи и претседателот Ебрахим Раиси во врска со трагичните последици, како што соопштија властите во Техеран, од терористичкиот напад во градот Керман.

„Убиството на цивилите кои ги посетија гробиштата е шокантно по својата суровост и цинизам. Ве молиме пренесете зборови на сочувство и поддршка до семејствата и пријателите на жртвите, како и желби за брзо закрепнување на сите повредени“, стои во телеграмата објавена на веб-страницата на Кремљ, пренесе РИА Новости.

Слични содржини