Путин му порача на Ердоган: Турција е заштитена од гасната криза

од Nikola Popovski
269 прегледи

Рускиот претседател Владимир Путин денеска му рече на својот турски колега Реџеп Таип Ердоган дека Турција е заштитена од гасната криза што ја зафати Европа благодарение на гасоводот „Турски тек“ изграден од Русија.

На почетокот на разговорите со Ердоган во руското одморалиште Сочи во Црно Море, Путин му се заблагодари и на претседателот на Турција за поддршката на гасоводот што доаѓа од Турција до Русија, под Црното Море, пренесува Ројтерс.

„И сега, кога гледаме доста тешки, турбулентни процеси на европскиот пазар на гас, Турција се чувствува апсолутно самоуверена и стабилна“, рече Путин, зборувајќи за „Турски тек“, пренесува Танјуг.

Копнените делови на гасоводот се протегаат понатаму кон јужна Европа и се дел од плановите на Москва да ја заобиколи Украина, при извоз на гас на европските пазари.

Европските референтни цени за гас во холандскиот центар ТТФ се повеќе од четирикратно зголемени од јануари, поради ниските резерви за складирање гас, високите цени на јаглеродот во ЕУ, ниските испораки на цистерни со течен природен гас и помалите испораки на Русија.

Слични содржини