Путин одговара на 2.000.000 прашања, вели Трета светска војна е крај за цивилизацијата

од desk2
195 прегледи

 

Рускиот претседател Владимир Путин вели дека трета светска војна би била крај за цивилизацијата.

Тој денеска држи годишна телевизиска „директна линија“ со граѓаните. На претседателската адреса стигнаа речиси 2 милиони прашања. Во прашање е 16 „Директна линија“ на Путин која во неколку работи се разликува од досегашните.

„Трета светска војна би значела крај за цивилизацијата и затоа мора да ги прекинеме конфликтите“, вели тој.

Поскапувањето на бензините неприфатливо

Владимир Путин рече дека зголемувањето на цените на бензините е неприфатливо и објасни дека е поврзано со неправиното регулирање во областа на енергетските ресурси.

Путин додаде дека владата презема дополнителни мерки за стабилизација на цените на бензините.

Рускиот претседател потоа го повика министерот за енергетика Александар Новак и го праша за чекорите кои министерството ќе ги преземе по ова прашање.

Новак одговори дека растот на цените на горивата е запрен и дека владата презела мерки кои функционираат и покажувааѕ позтивно влијание.

Путин одговара на прашања на грашани кои се однесуваат на општествено-политичкиот и социјално-економскиот живот во земјата, но и за меѓународната ситуација, соопшти Кремљ.

Оваа година нема гледачи во студио и прашањата нма да бидат поставувани само по телефон туку и преку интерактивни екрани во студиото.

Граѓаните можат да постават прашање до претседателот на русија преку телефон, со СМС порака, преку сајт или специјална мобилна апликација, преку руските социјални мрежи Vkontakte и Odnoklasniki, во пишана форма или видеообраќање.

Освен тоа, корисниците на апликациите „Moskva-Putin” и “OK live” ќе можат директно да контактираат со студиото по пат на видеолинк.

За Путин ова е 16 „Директна линија“ од 2001 година, пренесе ТАСС.

Во текот на 2001 година Путин доби 400.000 прашања и тој број подоцна се зголемуваше, па достигна и неколку милиони.

Рекордот на „директна линија“ е во 2013 година кога Путин одговараше 4 часа и 48 минути. Лани одговараше 3 часа и 56 минути.