20
На прес-конференција во Минск, Путин изрази „голема почит“ кон Трамп и најави дека е подготвен за директна средба, доколку за тоа има интерес и од другата страна.
„Благодарение на претседателот Трамп, односите меѓу Русија и САД почнуваат да се враќаат во одредена рамнотежа,“ изјави Путин.
„Не е сè одлучено во сферата на дипломатските односи, но првите чекори се преземени и ние напредуваме.“
Путин нагласи дека евентуална средба би барала внимателна дипломатска подготовка, но ја оцени како „сосема можна“ во блиска иднина.