Претседателот на Руската Федерација Владимир Путин соопшти дека е постигнат договор за прекин на огнот во Сирија и подготвеност за почеток на мировни преговори, пренесува агенција ТАСС.

“Штотуку пристигна порака дека денес, пред неколку часа се случи настан кој ние не само што долго го чекавме, но за чие приближување многу работевме. Потпишани се три документи.
Првиот документ е меѓу сириската влада и вооружената опозиција за прекин на огнот на територијата на Саудиска Арабија. Вториот документ – тоа е комплекс од мерки за контрола за режимот на прекин на огнот. И третиот документ – апликација за подготвеност за почеток на мировни преговори за сириско нормализирање “, изјави Путин за време на состанокот со министрите за одбрана и надворешни работи.
Рускиот претседател додаде дека договорот за Сирија е кревок и затоа бара посебно внимание. Според зборовите на рускиот претседател постигнатите резултати за нормализирање на ситуацијата во Сирија се благодарение на работата на Русија со партнери во регионот – Турција и Иран.