Путин потврди дека неколку пилоти загинале за време на бунтот на Вагнер

од Stefanija Kuzmanovska

Рускиот претседател Владимир Путин во вчерашниот говор им оддаде почит на пилотите кои загинаа за време на бунтот на „Вагнер“. На тој начин, тој потврди дека руските пилоти загинале во борба додека групата платеници на „Вагнер“ марширала кон Москва.

„Храброста и самопожртвуваноста на паднатите херои-пилоти ја спасија Русија од трагични, разорни последици“, рече Путин.

Нема официјални информации колку авиони или хеликоптери се соборени во таа прилика, ниту пак точно колку пилоти загинале.

Слични содржини