Путин потврди дека со Си ќе разговара за мировниот предлог на Пекинг

од Vladimir Zorba

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Москва ги проучувала предлозите на Пекинг за решение на конфликтот во Украина и дека е отворена за преговарачкиот процес.

Тој го изјави ова на средбата со претседателот на Кина, Си Џинпинг и посочи дека знае оти Кина поаѓа од принципите на правда и почитување на основните одредби на меѓународното право.

„Секогаш сме отворени за преговарачкиот процес и секако ќе разговараме за сите овие прашања, вклучувајќи ги и вашите иницијативи, кои безусловно ги почитуваме“, нагласи Путин, пренесе ТАСС.

Слични содржини