Путин предложен за Нобелова награда за мир

од Aleksandar Petrovski
132 прегледи

Рускиот писател Сергеј Комков објави дека го предложил рускиот претседател Владимир Путин за Нобеловата награда за мир во 2021 година.

– Процесот по поднесувањето на мојата апликација до Нобеловиот комитет е веќе започнат! И никој не може да го спречи – напиша Комков на својата Фејсбук страница.

Ова е трет пат Путин да биде номиниран за Нобелова награда за мир.

Добитникот на престижната награда вредна еден милион долари ќе биде објавен во Осло на 9 октомври.
Да потсетиме, веќе е номиниран претседателот на САД, Доналд Трамп, како и владите на САД, Белград и Косово, како и лидерот на руската опозиција, Алексеј Навални. Сепак, според некои, наградата многу лесно може да и припадне на младата активистка Грета Тунберг.