127
Русија е подготвена да ги нормализира односите со САД и другите западни земји, но не на сметка на руските интереси, изјави рускиот претседател Владимир Путин во интервју објавено денеска што му го даде на новинарот на Серуската државна радио и телевизија (ВГРТК) Павло Зарубин.
„Се може да се направи ако постои желба. Никогаш не сме ја изгубиле таа желба“, рече Путин одговарајќи на прашањето за можноста за воспоставување руско-американски односи, пренесe ТАСС.
Според него, сè се менува во меѓународните односи, а само интересите остануваат непроменети – во овој случај, „интересите на Русија и нејзиниот народ“.